Медицинските лица секојдневно спасуваат животи додека се на своето работно место.
Но, една медицинска сестра спаси живот на пат кон свадбата на ќерка си, облечена во елегантен фустан.
Џоди Дамроу се упатувала на црковна церемонија, каде требало да ја одведе ќерката Хејли до олтарот, кога наишла на сообраќајка. Таа ѝ го спасила животот на жена во критична состојба, држејќи ги отворени нејзините дишни патишта додека чекала брза помош.
За случката раскажа ќерката Хејли на Facebook и сподели фотографии од мајка си:
Мајка ми беше прва на местото на сообраќајна несреќа на пат кон мојата свадба. По 35+ години работен стаж како сестра во оддел за итна медицинска помош, таа скокна во акција и помогна да спаси живот. Очевидец на настанот рече: „Ги насочуваше полицајците, медицинските работници од итната служба и сите кои помагаа... додека истовремено ги држеше дишните патишта на жената отворени и разговараше на телефон со воздушната служба.“. Луѓето од нашата заедница зборуваа за жена во прекрасен фустан која носеше ракавици на местото на несреќата. Рекоа дека таа многу внимавала да не го направи со крв својот фустан, бидејќи знаела дека подоцна ќе треба да ме одведе до олтарот. Се гордеам што можам да ја наречам моја мајка.
Дамроу пристигнала на церемонијата 10 минути пред почетокот во совршено издание.
„Извинете што доцнам. Имав живот за спасување“ – ѝ рекла на ќерка си.