Слободно може да се каже дека Сара Хембли поседува талент за дизајн.
Самоуката дизајнерка научила да шие од мајка си, а се надградувала со помош на YouTube и Pinterest туторијали. И покрај тоа што се занимава со креирање само 4 години, Сара создава креации кои се достојни дури и за ликовите на Дизни.
Пред неколку дена, таа сподели дека во 2020 година создала 113 фустани и објави фотографии од нив. Нејзината колекција брзо стана вирален хит и ѝ донесе повеќе од 330 илјади лајкови и над 2 илјади коментари полни со пофалби за нејзината работа.
Од црна венчаница која невестата никогаш не си ја зела бидејќи свадбата ѝ била откажана, до креации инспирирани од „Хари Потер“... Погледнете ги делата кои Сара самата ги создава и кои се уникатни сами по себе:
„Вообичаено, кога ќе завршам некој фустан, го фотографирам и им го издавам на други фотографи да го користат. Но, поради пандемијата немав шанса да фотографирам колку што сакам, па ги задржав сите за кога ќе можам да ги изложам соодветно“ – вели таа.