Почетна » Новости » Занимливости » Реални фотографии: Мајка го покажува збрчканиот стомак по раѓањето на четири деца

Реални фотографии: Мајка го покажува збрчканиот стомак по раѓањето на четири деца

Женското тело прави чуда и треба да биде сакано и ценето без разлика на изгледот.

Многу нови мајки се соочуваат со појава на стрии и збрчкан стомак по раѓањето на децата, а нереалните фотографии со кои се среќаваат на интернет прават да се чувствуваат несигурно во своето тело.

Даниша е мајка на четири деца која споделува реални и искрени фотографии од стомакот и стриите, со цел да им покаже на сите жени дека треба да си го сакаат секој дел од своето тело.

Даниша

„Твојот стомак беше првиот дом на твоите деца“ – пишува таа, сакајќи да ја долови магијата на растењето и раѓањето на нов живот.

Даниша Даниша

Даниша најпрво се срамела од изгледот и го сокривала своето тело, но подоцна научила да си го сака своето тело и да ги прифати промените.

„Не знаев дека ќе имам толку многу овисната кожа и стрии. Никој дотогаш не ми го кажа тоа, моите доктори не ми го кажаа тоа. Не знаев дека моето тело повеќе нема да изгледа исто. Но, сега го сакам своето тело, среќна сум каде што сум“ – вели таа.

Даниша Даниша Даниша

„Верувајте ми кога ќе ви кажам, вашите деца ќе ве сакаат безусловно, без оглед на изгледот на вашето тело“ – порачува таа.

„Не дозволувајте општеството да ве излаже дека треба да бидете ‘коригирани’. Вашето тело не е погрешно, општеството е“ – вели Даниша.

Даниша Даниша Даниша Даниша Даниша Даниша
@mama3xxx Your body is Art.Share this with a mama #postpartumjourney #bodypositivity #stretchmarks #momlife #looseskin #postpartum #selflove #mama #mombod #motherhood ##babyfever##diastasisrecti##pregnancy##mom##divine##blackmotherhood ♬ Female Energy, Pt. 1 - Delialah El-Atwi
@mama3xxx Life #beautiful #life #motherhoodunplugged #motherhood #postpartumbody #postpartum #momblogger #mama #babies #minime #bodyacceptance #bodypositivity #stretchmarks #looseskin ♬ The Bug Collector - Haley Heynderickx

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.