Почетна » Новости » Занимливости » Разведени родители преку фотографии му одржуваат скапоцена лекција на малото синче

Разведени родители преку фотографии му одржуваат скапоцена лекција на малото синче

Кога Викторија Болдвин и Адам Дајсон решиле да се разведат, се договориле да зачуваат една традиција, за да го потсетуваат нивниот мал син дека секогаш ќе бидат семејство.

Тие секоја година прават семејна фотографија со синчето, докажувајќи дека разводот не треба да ги фрли поранешните партнери на непријателски страни и дека децата не треба да страдаат од разделбата.

Викторија сподели колаж и објасни дека горните две фотографии се направени кога со Адам биле во брак, а долните две по нивниот развод.

Семејство

„Не сме вљубени, не се согласуваме секогаш, не сме најдобри пријатели, понекогаш дури не си се допаѓаме еден на друг. Но, знаете што? Ние засекогаш ќе бидеме поврзани заради нашиот прекрасен, умен, љубезен, сочувствителен и забавен син...“

„Тој можеби нема да порасне со родители кои живеат во иста куќа, но ќе порасне гледајќи почит, љубезност, емпатија, сочувство, истрајност, флексибилност и дури и жртвување од двајцата негови родители... Децата можеби не слушаат сè што им велите, но гледаат што правите, а тоа може да ја направи разликата“ – објаснува Викторија.

Семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.