Почетна » Новости » Занимливости » „Ова е татко ми, ѝ ја коси тревата на мајка ми. Тие се разведени 28 години“: Гест за почит на маж кон бившата сопруга

„Ова е татко ми, ѝ ја коси тревата на мајка ми. Тие се разведени 28 години“: Гест за почит на маж кон бившата сопруга

Маж стана вирален хит на интернет со својот мил гест кон бившата сопруга со која се разведени 28 години.

Нивната заедничка ќерка на својот Facebook профил сподели фотографии на кои татко ѝ го коси тревникот на мајка ѝ за да пренесе важна порака - кога двајца партнери ќе се разведат, тие треба да продолжат да се почитуваат еден со друг за доброто на нивните деца.

Еве го нејзиниот текст:

Маж Маж

Ова е татко ми, ѝ ја коси тревата на мајка ми. Тие се разведени 28 години.

Мајка ми има проблеми со колената, а мојот очув работи надвор од градот. Кога моите помали брат и сестра ме запрашаа зошто татко ми ја коси тревата на мама, јас им одговорив: „Бидејќи нејзе ѝ требаше помош, а тој знаеше дека таа не може да излезе, па тој го направи тоа“.

Ова е ко-родителство. Еве колку голема среќничка сум што имам четворица родители кои се почитуваат еден со друг и знаат дека на крајот од денот, единственото нешто што е важно е да им покажеш на твоите деца (дури и на оние кои имаат 32 години) како се третираат луѓето и како да му ја покажеш својата љубов на семејството, без разлика како се создало.

Татко ми е со мене во Тексас на одмор. Тој дури и не живее во близина на мајка ми. Па, тој не само што направи нешто несебично за неа, туку го направи тоа додека беше на ОДМОР. Тој сака сите да знаат дека не е светец и дека нема потреба да се однесуваме како светци или пожртвувани јагниња, но дека сите треба да избираме добрина секогаш кога можеме.

Татко ми не го направи ова за да добие признание. Тој вели дека кога со мајка ми се разведувале, одлучиле и двајцата да се однесуваат како зрели личности и да се однесуваат еден кон друг со почит, бидејќи без разлика како завршил нивниот брак, тие во одреден момент многу се сакале и таа љубов значела нешто. Одлучиле дека ако сакаат да ги израснат своите деца во добри и љубезни личности, тие треба да бидат добри љубезни личности.

Среќна сум што имам толку неверојатни родители. Знам дека моите мајки и татковци ќе направат сè едни за други, бидејќи ние сме семејство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.