Почетна » Новости » Занимливости » Приказната за желки со која многу родители им го објаснуваат разводот на децата

Приказната за желки со која многу родители им го објаснуваат разводот на децата

Разводот е тежок за целото семејство, но најголеми последици од него трпат најмладите членови. Децата често се збунети и не можат да сфатат што се случува, а не се ретки оние кои се обвинуваат за разделбата на нивните родители.

Кога блогерката Кристина Амор-Левар решила да се разведе од својот сопруг, со помош на психолог успеала да го пронајде најдобриот начин за да им го објасни разводот на малите деца – преку приказната за сувоземната и морската желка, која е дел од книгата „Низ очите на децата“.

Желка

Многу одамна, пред многу години, си живееја сувоземна желка (мама) и морска желка (тато), кои се запознаа многу блиску до прекрасен брег. Тие обожаваа да пливаат заедно во плитките води и да си играат во песокот. Набрзо, длабоко се вљубија и одлучија да стапат во брак. Извесно време продолжија да живеат на работ на океанот за мајката да може да седи на песокот за да биде сува и да ѝ биде топло, а таткото во плиткото за да се разладува. Неколку години подоцна две бебиња-желки пристигнаа на свет (вие двајцата!) Малите желки имаа прекрасни оклопи во кафеава и сино-зелена боја. Желчињата навистина беа многу посебни и наликуваа по малку на секој од нивните родители.

Како што поминуваа годините, таткото започна да поминува сè повеќе и повеќе време во океанот каде патуваше сè подлабоко и подлабоко барајќи бисери. Како резултат на тоа, минуваше сè помалку време на работ на океанот. Мајката исто така започна да скита во песочните дини во шумата, трагајќи по храна. За жал, малку по малку, таткото и мајката желки започнаа сè повеќе да се раздалечуваат.

Еден ден, мајката и таткото конечно одлучија дека не сакаат повеќе да живеат заедно. Таткото-желка одлучи да живее на дното на океанот, каде беше најсреќен, а мајката-желка во песочните дини над плажата, каде ѝ беше најудобно. Малите желки беа тажни зашто нивните родители не се повеќе заедно, но набрзо сфатија дека заради тоа што се половина сувоземни, а половина морски желки, можат удобно да живеат и во океанот со татко си и на копното со мајка си.

Малите желки продолжија да минуваат време со секој родител. Тие запознаа многу нови пријатели, се спријателија со сите риби, делфини и китови во океанот, но и со зајаците, елените и лисиците во шумата. Уживаа во квалитетното време што го минуваа со своите мајка и татко. Всушност, тие пораснаа како нов вид желки, со прекрасен кафеаво-сино-зелен оклоп, кои можеа да живеа и во океанот и на копно.

„Децата беа восхитени од оваа приказна и нè тераа да им ја раскажуваме многупати оттогаш. Во текот на годините, оваа приказна за сувоземната и морската желка им помогна на моите деца да се помират и да го прифатат фактот дека мојот брак со нивниот татко е завршен. Тие длабоко во себе знаат дека ние некогаш многу се сакавме. Многу е важно децата да сфатат дека се родени од искрена љубов и нежност и дека нашата разделба нема никаква врска со нив, туку дека таа е поврзана со две личности кои избрале да одат по различни патишта“ – пишува Кристина во своја колумна за The Huffington Post.

„Благодарна сум што јас и мојот сопруг сè уште сме одлични пријатели и децата свикнаа да го делат нивното време помеѓу два дома. Горди сме со фактот дека нашето пријателство го преживеа нашиот развод. Што е уште поважно, остануваме посветени на среќата и емоционалната благосостојба на нашите деца... До ден-денес приказната со желките е скапоцена за нас. Благодарна сум што оваа лековита приказна беше споделена со нас во период кога моите деца имаа најголема потреба од неа“ – додава таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.