„Вистина ееее, Христос се роди“... Во празничниот период повеќе од добредојдено е ширењето на позитивна енергија, а учениците од државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ го направија токму тоа.
Со изведбата на хитот „Божиќна песна“ тие топат срца во моменти во кои на сите ни треба охрабрување и надеж за подобро утре.
„По повод нашиот патронен празник, учениците од нашето училиште ја изведоа Божиќната песна. Среќни новогодишни и божиќни празници, уживајте во мелодијата“ – порачуваат од училиштето.