Запознајте ги Линди Гудсон и Аби Бозман, цимерките кои ја имаат можеби најлуксузната студентска соба. Двете бруцошки ја трансформирале старата просторија која им била доделена во Универзитетот во Мисисипи во луксузна „кралска“ соба.
Фотографиите од трансформацијата се хит на социјалните мрежи.




Линди и Аби се запознале преку социјалните мрежи во септември минатата година и се договориле да делат една соба кога ќе се запишат на факултет. Откако се сретнале лично во декември, тие започнале да го планираат дизајнот на местото каде требало да престојуваат.
Користејќи ја својата креативност, фантазија и се разбира финансиски средства, двете девојки успеале да ја реализираат својата замисла. Дел од предметите се купени од продавница за стар мебел и се пребојадисани. „Знаевме дека предавањата ќе бидат стресни и сакавме да создадеме мирно катче во кое ќе се враќаме по долгите денови“ – велат студентките, додавајќи дека во Универзитетот во Мисисипи сите ги декорираат своите соби.
„Тоа е како натпревар. Па реков дека мораме да ја направиме нашата да изгледа добро“ – рекла Бозман.





Еве дел од собите на останатите студенти.



