Учениците од ОУ „Коле Неделковски“ заедно со Алпско млеко направија акција каде со заеднички сили обезбедија храна и привремени живеалиша за локалните птици и другите мали заедници карактеристични за овој регион, полесно да ги преживеат ладните зимски денови. Имено за Градскиот парк изработија и поставија куќарки и храна за птиците од веќе употребен амбалажен отпад од Алпско млеко (https://www.facebook.com/alpskomlekomkd/) кое послужи како основа дечињата од нив да направат привремени живеалишта.
„Оваа иницијатива како идеја не дојде случајно, туку со многу јасна цел и намера бидејќи во неа препознавме квалитети кои на повеќе нивоа ќе им користат на дечињата во процесот на едукацијата и сензибилизирање за средината околу нив. Пред сè, процесот на изработката за нив беше забавен и креативен, а кога сакате на децата да им упатите важна порака играта е вистинската формула за да се потигне целтта. Драго ни е дека направивме чекор за да ја подигнеме нивната свест за животната средина преку малиот но, значаен придонес да им овозможиме засолниште и храна на птиците преку примена на амбалажен отпад кој наместо да заврши во кантата за отпадоци му дадовме „втор живот“, изјави претставник од Алпско млеко.
Куќарките за птиците со храна беа поставени на неколку локации низ Градскиот парк. „Оваа мала и скромна иницијатива се надеваме ќе биде мотив и инспирација луѓето да не заборават, не само на птиците, во деновите со ниски температури, туку и на останатите животни кои се приморани да ја поминат зимата на отворено во градската средина“, велат од Алпско млеко.
Нивниот повик и заложба е пример кој може да го следат не само учениците и децата туку и секое семејство, бидејќи процесот на изработка е едноставен, а ќе ви овозможи да поминете квалитетно и забавно попладне со вашите деца при тоа учејќи ги за важноста за рециклирање и колку многу корисни работи може да се направат од амбалажниот отпад.
Комерцијален текст