Почетна » Новости » Занимливости » Прв онлајн курс за исхрана на доенчиња и мали деца кај нас

Прв онлајн курс за исхрана на доенчиња и мали деца кај нас

Здравата храна и правилната исхрана се секогаш актуелна и важна тема, а од особено значење е квалитетот на исхраната на бебињата и малите деца.

Првиот онлајн курс за исхрана на доенчиња и мали деца, кај нас, ја опфаќа токму оваа тема и нуди корисни информации за тоа:

Првиот онлајн курс за исхрана на доенчиња и мали деца
  • колку е важно доењето, правилната исхрана и здравата храна за бебињата и малите деца;
  • што сè треба да знаете за почетокот на дохраната кај бебињата;
  • како да се справите со најчестите проблеми со кои се соочувате во периодот на воведување на дохраната и хранењето на бебињата;
  • кои се најважни нутриенти во исхраната на оваа група и како да ги внесете преку исхраната;
  • како да ги храните вашите бебиња/деца при одредени здравствени состојби;
  • како да креирате мени за исхрана на бебиња кое ќе ги задоволува сите нивни микро и макронутритивни потреби.

Курсот е организиран во шест поглавја и два додатоци, а е креиран од дипломиран нутриционист Маја Велковска.

Првиот курс ќе започне на 1-ви декември, а повеќе информации за содржината на курсот и за тоа кои се условите за пријавување можете да најдете тука и тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23319 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.