Оваа година особено ни е потребна новогодишната магија. Ангелс Кафе од Штип се потруди да им го пробуди празничниот дух на посетителите со прекрасните декорации кои го красат секое ќоше од објектот.
„2020 беше тешка година за сите. Со многу стресови, забрани, откажувања од многу нешта.... Ние немавме дилема дали Ангелс кафе и оваа година треба да биде украсен за Новогодишните празници. Иако не сме сигурни до кога и дали ќе има нови построги протоколи, сепак вложивме многу труд и креативна работа за да нашите гости заборават на монотоното секојдневие. “
„Живи сме, здрави сме и тоа е доволно да уживаме во најубавиот месец во годината. Да, ни недостасува погласна музика, жива свирка, добри ДЈ-и, работно време до 01 по полноќ, но да бидеме задоволни со тоа што го имаме и да заборавиме на проблемите барем додека уживаме во убавото кафе, коктел, вино... Повелете во Анѓелс кафе, во нашиот прекрасниот новогодишен амбиент да ја испратиме оваа тешка година и да се надеваме на нормална 2021-ва“ – пишуваат од тимот на Ангелс Кафе.
Почитувани, 2020 беше тешка година за сите. Со многу стресови, забрани, откажувања од многу нешта.... Ние немавме дилема...
Posted by Angels Cafe on Thursday, December 10, 2020