Почетна » Новости » Занимливости » По повод светскиот ден на квалитетот, БиMилк ги отвoри вратите за сите

По повод светскиот ден на квалитетот, БиMилк ги отвoри вратите за сите

По повод светскиот ден на квалитетот, 11 ноември 2011, дефиниран од Обединетите Нации, најголемата домашна млекарска индустрија БиMилк ги отвoри своите врати за сите оние кои беа заинтересирани да дојдат во посета.

БиМилк

Како општествено одговорна компанија, која произведува квалитетни и безбедни производи, со оваа своја активност БиМилк им овозможи на граѓаните директно да се запознаат и информираат за процесите на производство на познатите млечни производи.

Посетителите имаа можност да се запознаат со условите на производство, каде годишно се преработуваат над 65 милиони литри млеко, како и да бидат информирани за современата и софистицирана технологија која овозможува БиМилк во континуитет да призведува повеќе од 54 различни производи.

„Во Млекара Битола постои целосно автоматизиран процес на производство. Од обезбедените лактофризети, млекото директно се пренесува во производните погони, дополнително се прават контроли во повеќе фази. БиМилк ефективно ги имплементира и применува НАССР стандардите, го има добиено највисокиот  ISO 22000 стандард за безбедност на производот, кој го вклучува и ISO 9001 стандардот, а одржувањето на високиот квалитет на производите и понатаму ќе биде основна цел на сите понатамошни инвестициони активност“ – информира Роко Водопија, Генерален Менаџер на Млекара Битола.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.