Запознајте ја Суки, бенгалската мачка која не ги минува деновите затворена во четири ѕида. Преслаткото маче постојано патува со својата сопственичка, впуштајќи се секојдневно во нови и нови авантури.
Досега Суки ги има освоено срцата на речиси 200.000 корисници на популарната социјална мрежа Instagram.
Сопственичката признала дека очите на Суки се хипнотизирачки благодарение на Фотошоп. „Бојата е обработена. Навистина уживам да си играм со фотографиите за да создадам малку магија“ – рекла таа и додала дека вистинската боја на очите на неодоливото маченце се гледа во видеата.