Алексис Рен и Џеј Алварез, кои се прославија со своите летни авантури на егзотични дестинации, објавија ново видео со наслов „Home“. Во него, парот покажува дека патувањата нè прават побогати не само со искуство, туку и со пријатели и уште еднаш потенцира колку е убаво да имаш сродна душа со која ќе можеш да го истражиш светот.
Видео
„Ако некогаш сте се чувствувале како да не припаѓате во животот, секогаш има луѓе како вас некаде на оваа планета кои ги споделуваат истите интереси и страст. Пронајдете ги, мене ми беше потребно тоа за да се почувствувам навистина слободен“ – пишува Алварез во описот.
Парот ги документира своите патувања и со фотографии кои ги објавува на Instagram. Погледнете дел од нив: