Џеј Алварез и Алексис Рен уште еднаш ќе ви ја разгорат желбата за патување и ќе ви покажат што значи да имате сродна душа покрај себе. Парот создаде ново видео од своите летни авантури на егзотични дестинации.
Со видеото „Summer 2015“, фотографот Алварез и моделот Рен, ни дозволуваат накратко да погледнеме во нивниот неверојатен и на моменти луд живот.
Парот го привлече светското внимание со „Girl of my dreams“ и со неверојатните фотографии на Instagram.