Такишима Мика е незапирлива. 90-годишната жена е најстариот фитнес тренер во Јапонија и нема намера да престане да тренира додека не наполни 100 години.
Мика започнала да тренира на 65 години, а станала тренер на 87-годишна возраст. Таа е доказ дека никогаш не е доцна за промени.
Приказната за инспиративната Јапонка се прошири низ светот откако DW News снимија видео во кое таа тренира и ја покажува нејзината флексибилност.
„Започнав да се занимавам со фитнес бидејќи сакав да ослабам. Откако започнав, одлучив дека сакам да имам стегнат задник како Бразилките. Кога тоа го остварив, решив дека сакам пошироки рамена и потесна половина. Следно што знам беше дека држев часови по аеробик. Никогаш во мојот живот не го сонував ова“ – вели Мика.
Таа секој ден пешачи по 4 километри и држи тренинзи за возрасни лица како неа, но и за млади, сакајќи да докаже дека „Годините се само бројка“.
Погледнете како тренира Мика: