Почетна » Новости » Занимливости » Ни требаат повеќе вакви луѓе: Пожарникари секоја година му купуваат подарок за Божиќ на синот на покоен колега

Ни требаат повеќе вакви луѓе: Пожарникари секоја година му купуваат подарок за Божиќ на синот на покоен колега

Секоја година, пред Божиќ, Кармен и нејзиниот син имаат специјална посета од поранешните колеги на нејзиниот покоен сопруг. Дури ни шест години по неговата смрт, грижливите пријатели не пропуштаат да му купат и однесат подарок на неговиот син Енди.

Малото момче не може да си ја сокрие среќата кога ќе го види овогодишното изненадување кое му го приредија неговите сакани „чичковци“ од Противпожарната служба на Мајами.

„Денес имавме специјална посета... 6 години подоцна старите колеги на мојот покоен сопруг сè уште наминуваат секој Божиќ и му носат подарок на нашиот син Енди. Братството и сестринството на пожарникарите е нешто што отсекогаш ме восхитувало. Благодарна сум за нашето вечно пожарникарско семејство. Ми недостасуваш денес и секој ден Ферн“ – напиша Камерон во описот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.