Популарниот сајт за родители BabyCenter ја објави својата листа за најпопуларни имиња на бебиња за 2011 година.
Софија е најчестото име кое родителите оваа година го користеле за да ги крстат своите ќерки, исто како и лани, а момчињата кои го добиле името Ејден ќе пронајдат најмногу имењаци меѓу своите врсници.
Еве кои се топ 10 машки и женски имиња во САД:
Женски | Машки | |
1. | Софија (Sophia) | Ејден (Aiden) |
2. | Ема (Emma) | Џексон (Jackson) |
3. | Изабела (Isabella) | Мејсон (Mason) |
4. | Оливија (Olivia) | Лијам (Liam) |
5. | Ава (Ava) | Џејкоб (Jacob) |
6. | Лили (Lily) | Џејден (Jayden) |
7. | Клои (Chloe) | Итан (Ethan) |
8. | Медисон (Madison) | Ноа (Noah) |
9. | Емили (Emily) | Лукас (Lucas) |
10. | Абигејл (Abigail) | Логан (Logan) |
Популарноста на имињата скоро секогаш се влијае од актуелните селебрити личности. Уредничката на сајтот, Линда Мареј, изјавила дека машкото име Мејсон бележи голем скок од 8 места токму поради тоа што детето на Кортни Кардашијан го носи ова име. Исто така, името Пипа направило скок од 45% поради постојаното присуството во медиумите на Пипа Мидлтон (сестрата на Кетрин, војвотката од Кембриџ).