Јана не се симнува од врвот. Ова женско име убедливо е најчесто кај девојчињата кои се родиле во изминатите години во нашата држава.
Додека Јана ја има водечката позиција во категоријата најчести женски имиња, кај момчињата доминира името Лука.

Според податоците од Државниот завод за статистика, еве кои имиња родителите најмногу ги избирале за своите малечки во 2021 година:
Машки | Женски | |
1. | Лука | Јана |
2. | Дамјан | Софија |
3. | Михаил | Ана |
4. | Марко | Мила |
5. | Јован | Хана |
6. | Давид | Бисера |
7. | Јаков | Сара |
8. | Петар | Јована |
9. | Матеј | Ева |
10. | Стефан | Дарија |