Свадбени фотографи од целиот свет кандидираа со своите најдобри дела во изборот на Најдобар интернационален свадбен фотограф на годината.
Меѓу 1.500 слики од 58 различни земји, најмногу се истакна фотографија на Фабио Мирула. Талентираниот Италијанец победи со црно-бела фотографија од невеста која се подготвува за свадбата, а притоа нејзиното тело е сокриено од столна лампа која „имитира“ фустан.
„Обожавам да сликам креативни фотографии со предмети од секојдневието, кои можат да бидат најдобри реквизити ако ги гледаш со различен поглед, како оној на дете кое не престанува да сонува“ – вели Мирула.
Погледнете дел од фаворитите на жирито: