Фотографија од бебенце родено во Дубаи стана хит на социјалните мрежи.
На неа, новороденчето му ја влече заштитната маска на докторот Самир Шаиб непосредно по неговото раѓање. За фотографијата, гинекологот Шаиб напиша: „На сите ни треба знак дека наскоро ќе ги извадиме маските“.
Многумина прогнозираат дека ќе биде прогласена и за Фотографија на годината, затоа што влева надеж дека наскоро сите ќе ги тргнеме маските од лицето.