Почетна » Новости » Занимливости » Мајка отвори фризерски салон во болница за да ги разгалува родителите на предвреме родени бебиња

Мајка отвори фризерски салон во болница за да ги разгалува родителите на предвреме родени бебиња

Да се има нежно предвреме родено бебенце на оддел за интензивна нега е многу стресно. Сара Пули многу добро го знае тоа, бидејќи и самата го има искусено.

Сакајќи да направи нешто што ќе им го олесни престојот на родителите со предвреме родени бебиња, вештата фризерка отвори болнички центар за разубавување. Таму, таа ги разгалува и опушта мајките и татковците кои имаат високоризични новороденчиња и минуваат најголем дел од своето време во болница.

Сара Пули Сара Пули

Пред четири години, Сара била дел од овие родители. Нејзината ќеркичка се родила предвреме и добила вирус поради кој поминала 4 месеци во оддел за неонатална интензивна нега во две болници.

„Овие ѕидови нам ни се добро познати“ – рекла таа.

Сара е волонтер во болницата, а во нејзината соба родителите може да се релаксираат на столица за масажа, да дремнат на специјален кревет, да јадат овошје и гранола, или да уживаат во правење фризура.

Сара Пули Сара Пули

„Ги губиш сите сетила за себе кога имаш бебе на оддел за интензивна нега. Првата мајка која ме посети целосно се опушти на столицата, само ги затвори очите и дишеше. Втората беше целосно истоштена. Имаше итен царски рез и беше многу благодарна“.

„Ова е многу специјално за мене. Има нешто во врските меѓу мајките и моќта на допирот“ – вели таа.

На сите родители, Пули им порачува: „Го можете вие ова“.

Сара Пули

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.