Почетна » Новости » Занимливости » Малите филмаџии, ѕвезди на Манаки

Малите филмаџии, ѕвезди на Манаки

Оваа есен, повторно во фокусот на македонската јавност е најголемиот филмски настан кај нас, 35-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Веќе 5-та година по ред Vip оператор е партнер на Фестивалот и, општо, партнер на филмската уметност, како и на сите доблести и вистински вредности што таа ги носи со себе. Заедно, под мотото „5 години со ѕвездите“ Vip и „Браќа Манаки“ повторно нè водат во светот на филмската фотографија и нè доближуваат до ѕвездите на Филмската уметност.

Vip и годинава ја организираше Детската програма која им е комплетно посветена на најмалите љубители на филмот. Овој специјален дел од програмата на Фестивалот подразбира креативни работилници каде што децата имаат можност да научат, но и да создадат свое филмско дело. Работилниците се предводени од реномирани професори, кои ги водат идните потенцијални „филмаџии“ во текот на целиот процес. Ако минатата година Детската програма подразбираше работилница за стоп-анимација, оваа година програмата се фокусираше на создавање краток филм по претходно осмислено сценарио. Во програмата учествуваа деца на возраст од 11 до 16 години, кои возбудено го прифатија предизвикот на создавање филмско дело. Дополнително, тие самите го снимаа и го монтираа филмот, за кој исто така изработија и промотивен филмски постер. Навистина сеопфатен процес на создавање, кој ќе ги упати во тајните и предизвиците на создавање филм и доближување на филмската уметност и нејзините високите естетски и етички вредности. Во текот на Фестивалот главните лауреати одржаа свои мастер-класови, на кои несебично им го пренесуваа своето знаење на постојните и на потенцијалните идни создавачи на филмската магија.

Детската програма Vip на „Браќа Манаки“

Децата што учествуваа во Vip креативната работилница ја имаа таа среќа и чест да присуствуваат на предавањата на Лука Бигаци и на Крис Менџис. Додека на првото предавање на Лука Бигаци го впиваа неговото знаење, најпрвин срамежливи активно да се вклучат во дискусиите, веќе на второто предавање на Крис Менџис смело ги изнесоа своите гледишта, поставуваа прашања, барајќи повеќе и повеќе од неговата генијалност. Менџис, воодушевен од нивната креативна зрелост, спремноста за учење и прифаќање нови предизвици, им даде неколку мошне корисни совети, кои најмладите филмаџии на Фестивалот ги преточија во своето дело - краток филм што беше прикажан на свечената церемонија на официјалното затворање на Фестивалот. Беа воодушевени и од посетата на Срѓан Драгоевиќ, прославениот режисер од Србија, автор на филмовите „Лепа села, лепо горе“, „Ми нисмо анѓели“, „Парада“ итн., член на стручното жири на Фестивалот. Тој ја поздрави нивната посветеност заинтересирано следејќи ја нивната работа, и им порача да останат мотивирани, креативни и доследни на своите соништа.

Детската програма Vip на „Браќа Манаки“ Детската програма Vip на „Браќа Манаки“ Детската програма Vip на „Браќа Манаки“

Претседателот на ИМАГО, Најџел Волтерс, веќе 5-та година по ред будно ја следи работата на Vip детските креативни работилници. Тој со нескриено задоволство ја потенцираше важноста на работилницата, како и тоа колку е важно од најмали нозе децата да се насочуваат кон убави нешта, креативност и создавање. Успешната соработка на Vip и „Браќа Манаки“ продолжува, посебно преку Детската програма, која секогаш носи инвентивни содржини што ги стимулираат најмладите, давајќи им можност да навлезат подлабоко во светот на филмот. Инспирацијата и високите естетски вредности што ги носи програмата, се воедно и основните принципи што Vip сака да ги поттикне преку своето партнерство со Фестивалот.

До следните „Браќа Манаки“ и новата Детска програма, препуштете ѝ се на филмската уметност и уживајте во магични филмски моменти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18975 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.