Почетна » Новости » Занимливости » „Мал Ајнштајн“: 5-годишно аутистично момче има талент да пишува со различни фонтови

„Мал Ајнштајн“: 5-годишно аутистично момче има талент да пишува со различни фонтови

5-годишниот Себастијан поседува неверојатен талент.

Малото момче кое има аутизам умее да пишува со различни компјутерски фонтови. Себастијан го одушеви светот со своите калиграфски вештини откако видео од него стана вирален интернет хит со милиони прегледувања.

Талентираното момче живее во Ново Мексико со своите родители. Освен аутизам, Себастијан има и хиперлексија.

„Откривме дека Себастијан е различен кога имаше околу 18 месеци. Зеде руска азбука и одеднаш знаеше да спелува и да напише околу 200 збора. Како што растеше, напредуваше – го знае напамет и Периодниот систем на елементите“ – рекла мајката Аманда.

Татко му на Себастијан, Рајан, вели дека го создал Instagram профилот litttle.einstein за да покаже дека аутизмот не е нешто што треба да се стигматизира.

„Се надевам дека ќе им покажеме на луѓето дека аутизмот не е некаква стигма која треба да се избегнува и дека треба да го прифатиме. Тоа не е неспособност, туку различна способност“ – рекол таткото Рајан.

Себастијан Себастијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20919 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.