Сергеј Божиќ чекори кон остварување на својот сон. 19-годишното момче ги покажа своите вокални способности на аудициите на „The Voice“ Хрватска и ги одушеви сите присутни.
Талентираниот Хрват ја изведе песната „Ружица си била“ и доби громогласен аплауз и пофалби од членовите на жирито, а особено ја трогна својата менторка Вана.
Сергеј бил изненаден од реакциите кои ги добил по настапот. „Не го очекував ова. Нормално, сите се надеваме, сите сакаме кога она што го правиме е признаено и наградено, но она што ми се случува сега наликува на еден прекрасен сон“ – изјавил тој.
Погледнете го неговиот настап: