Продадени се неверојатни 100 тона јогурт и 4 тона флипс за време на акцијата на Битолска Млекара и Витаминка со спојување на брендовите Битолски јогурт и Стоби флипс!
„Изненадени сме од позитивните резултати од акцијата и може слободно да кажеме дека совршените комбинации од вкусови настануваат по барање на потрошувачите. Оваа акција е по нивно барање. Пониска цена, посакувана комбинација на производи и резулатот е очигледен” – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на БиМилк.
БиМилк и Витаминка се македонски компании кои постојат повеќе од 50 години и се препознатливи по квалитетот на производите кои ги нудат.
“Слоганот на Витаминка долги години е Свет на вкусови, па така оваа комбинација од вкусови се вклопи во нашата идеја. Акцијата на Стоби флипс и БиМилк ја повторуваме веќе по втор пат, што е знак дека навистина по вкусот на нашите потрошувачи станува збор за совршена комбинација” – изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка.
Двата бренда поединечно се најбарани во својот пазар на производи, а воедно спаѓаат и во најпрепознатливите македонски брендови.