Кристина Макеева од Москва е талентирана фотографка која умешно ја комбинира својата страст за патување и вештините за создавање на импресивни фотографии.
Креативната Русинка патува низ светот и фотографира девојки облечени во впечатливи фустани, идеално вклопени во позадината, која најчесто е светски позната локација.
„Девојка во фустан веројатно е еден од најубавите феномени во светот. Девојка во фустан на позадина од неверојатен пејзаж може да ги доведе до екстаза луѓето кое се чувствителни на контемплација“ – вели 29-годишната фотографка.