Приказната за Роузи ќе ви ја врати вербата во човештвото.
Откако омилената играчка на 15-годишната тинејџерка со хендикеп се расипала, нејзината сестра испратила апел преку социјалните мрежи за да се пронајде замена, бидејќи тие играчки не се произведуваат веќе 10 години. Всушност, семејството на Роузи имало 15 од колоритните играчки, но поради честото користење, сите престанале да работат.
„Мојата сестра со хендикеп Роузи има Vtech Light Up Learning Bug од нејзиниот втор роденден и тоа е нејзината омилена играчка. Тие не се произведуваат повеќе, а ние повеќе немаме играчки што работат. Ако имате дома некоја која не ја користите, ве молам контактирајте ме“ – напиша сестра ѝ Џоси на Twitter.
Одговорот на Twitter бил прекрасен и се очекува Роузи наскоро да добие 40 играчки.
„Не очекувавме толку силен фидбек. Луѓе од целиот свет ми пишуваат пораки и ова е лудо. Ми се топли срцето што толку многу луѓе се посветени да помогнат и покрај тоа што не знаат ништо за Роузи и сакаат да помогнат само поради добрината која ја имаат во нивното срце“ – рекла Џоси.
„Најдовме 40 такви играчки, но само пет се на англиски јазик. Играчки се испратени од Франција, Германија и Русија“ – рекла таа.
Џоси исто така била контактирана од производителот на играчката. Од компанијата го пронашле оригиналното упатство со инструкции за правење на играчката и се согласиле да ги поправат сите расипани играчки на Роузи.