Патувањето со возот „Venice Simplon-Orient-Express“ е како остварување на сон на сите авантуристи кои копнеат по луксуз.
Возот нуди незаборавно искуство уште од 1982 година, поврзувајќи ги Лондон и Венеција и минувајќи низ бајковити предели од Европа со живописни пејзажи. Уникатното еднодневно доживување го збогатуваат луксузните купеа кои нудат врвен комфор, вкусната храна и скапите вина.
Возот се состои од 11 вагони за спиење, три вагони со ресторан, еден вагон со бар и два вагони за персоналот. Секој од 17-те вагони некогаш беше дел од иконскиот Ориент Експрес, кој ги поврзуваше Париз и Истанбул, а кој е најпознат по романот на Агата Кристи, „Убиство во Ориент Експрес“.
Годинава, од компанијата Belmond ја проширија понудата кон градовите Амстердам, Брисел, Женева, Рим и Фиренца.
Ако сакате да допрете во светот на елитните патувања и да ја почувствувате безвременската атмосфера во овој воз, потребно е да одделите меѓу 2 и 4 илјади фунти по лице.
Неодамна, блогерката Кијара Ферањи го посети „Venice Simplon-Orient-Express“ и сподели фотографии и видео.