Јапонскиот селектор со еден потег го одушеви светот и на дело ја покажа културата на неговиот народ.
По вчерашниот пораз од хрватската репрезентација на СП, Хаџиме Моријасу им се поклони на навивачите за да им се заблагодари за целата поддршка која му ја дадоа нему и на репрезентацијата за време на сите настапи на Мундијалот во Катар. Фотографиите од овој момент на стадионот „Ал Џануб“ го обиколија светот.
Japan manager Hajime Moriyasu bows to the fans to thank them for their support pic.twitter.com/kCTG6VOoix
— GOAL (@goal) December 5, 2022
Јапонските фудбалери и навивачи во текот на целиот престој во Доха беа пример како треба да се однесува секој од нас. Тие остануваа на трибините за да го исчистат отпадокот направен од другите навивачи, а фудбалерите зад себе оставаа беспрекорно чисти соблекувални по секој натпревар.
Tidying up after one of their greatest #FIFAWorldCup wins
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 24, 2022
Huge respect to these Japanese fans #Qatar2022 pic.twitter.com/RVwLwykPeq