Како и многу други партнерки на фудбалерите од Светското првенство, Џорџина Родригез отпатува во Катар за да му даде поддршка на Кристијано Роналдо.
28-годишниот модел пристигна со приватен авион во Доха заедно со децата за да биде со саканиот во овие важни моменти за него. Се смета дека ова е последното Светско првенство на кое тој ќе може да учествува во националниот дрес на Португалија.
Џорџина сподели фотографии од натпреварот со Јужна Кореја. Таа и нејзините деца се сретнаа со шеиката Моза бин Насер, која е сопруга на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани.
Заедно со неа позираше и сестра ѝ Ивана.
Таа беше пречекана во Катар со голема торта на која Кристијано шутира „топка“ со реплики на Џорџина и децата.