Кралицата Џецун Пема Вангчук денеска го слави 30-тиот роденден, а по тој повод беа објавени и првите фотографии од нејзиното второ дете со кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук.
Семејните фотографии на кралското семејство на Бутан биле направени во градината на палатата во Тимбу.
Малото момче, чие име не е официјално објавено, се роди на 19 мај.
Кралската двојка стапи во брак во октомври 2011 година, а во 2016 го доби првиот син.