Вработена во аукциска куќа на одличен начин ги спојува модата и уметноста, мамејќи воздишки кај нејзината публика.
28-годишната љубителка на уметноста стои зад Instagram профилот Matchwithart каде објавува фотографии на кои позира пред уметнички дела. На сите фотографии, таа носи облека ускладена со сликата, а на ниту една од нив не си го покажува лицето.
„Во овој момент сакам да ги истакнам и брендовите на алиштата. Тоа оди рака за рака со мојот приод да ги истакнувам артистите, музеите и галериите. Сакам да покажам дека модата и уметноста можат да бидат споени и дека понекогаш е неверојатно колку добро некои алишта се усогласуваат со уметничките дела“ – вели модерната девојка.