Разубавувањето со ботокс понекогаш може да биде претерано, а и да тргне наопаку. Такво лошо искуство имаше Витни Буха.
Блогерката од Чикаго со фотографии и видеа ги покажа ефектите од погрешно вбризганиот ботокс.
Имено, по првото вбризгување таа забележала дека двете веги не ѝ се рамномерни, па ѝ рекле да оди на уште еден третман. По вториот третман за израмнување, едното око на Витни останало подзатворено, а другото се отворило уште повеќе.
„Откако отидов повторно, еве што се случи“ – пишува Буха на Instagram.
Причината за непријатното искуство е или преголема доза на ботокс или ботокс инјектиран на погрешно место.
Витни има речиси 90 илјади следбеници на Instagram.