Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ким Кардашијан со модринки на очите од Ботокс

ФОТО: Ким Кардашијан со модринки на очите од Ботокс

Една од најпопуларните американки со облини е дефинитивно Ким Кардашијан. Таа никогаш се нема појавено во кадрите на фотографите, а да не изгледа како тукушто да поминала низ сите третмани за разубавување.

Но, третманите не даваат секогаш добри резултати. Во последната епизода од реалната телевизиска серија „Keeping Up With The Kardashians“, Ким реши пред камерите да си направи третман со Ботокс, но наместо подмладен изглед, таа се здоби со непријатни модринки под очите.

Иако има само 29 години, Ким посети клиника во Беверли Хилс за да прими Ботокс инекции околу нејзините очи. Набрзо по примањето на инекциите, очите на Ким станале подуени, а плус тоа се здобила и со модринки.

Ким КардашијанМоментот кога Ким дозна дека ѝ се прават модринки
Ким КардашијанКим Кардашијан со модринки Ким КардашијанКим Кардашијан со модринки

Сепак, од целата оваа ситуација Ким барем извлекла поука. „Никогаш повеќе нема да го правам ова... барем не додека не сум 40 години“ – му кажала таа на своето семејство, откако научила дека модринките се нормален резултат од инекциите.

Ким прима Ботокс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19724 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.