Пар сподели случка која ќе ја памети цел живот.
Скот Клајн сакал да ја запроси својата сакана Сузи кога ја испуштил кутијата со вереничкиот прстен во океанот. 35-годишниот Американец брзо скокнал во водата и успеал да го дофати прстенот. Потоа, повторно се вратил на глисерот и успеал да го реализира својот план.
Сузи не можела да престане да се смее и се разбира дека му рекла „Да“.
Парот на социјалните мрежи сподели две видеа снимени од различни агли.
„Ова е 100% реално. 100% моја среќа. 100% никогаш нема да го заборавам“ – напиша Скот, кој подоцна ја промени фотографијата на профилот на Facebook во фотографија направена за време на запросувањето.