Многумина би се согласиле дека на Анастасија Књазева ѝ претстои сјајна кариера во модниот свет. Неодоливото девојче со прекрасни сини очи и порцеланско лице освои стотици илјади срца низ светот.
Анастасија е од Русија и има само 5 години, а веќе може да се пофали со многу ангажмани од модни брендови.
Дел од фотографиите од фотосесиите мајката Ана ги споделува на профилот на Анастасија на Instagram, кој го следат над 300.000 корисници на социјалната мрежа.