„Викторија“ е една од најпопуларните британски, историски и драмски серии, создадена и во најголем дел напишана одрежисерката Дејзи Гудвин, во која актерката Џена Колман успешно го доловува ликот на познатата кралица Викторија. Серијата премиерно е прикажана во Обединетото Кралство во 2016 година каде доживеа голема популарности гледаност, по што ги освои симпатиите на гледачите во САД и други земји во светот. Серијата „Викторија“ оваа есен ќе се прикажува и на телевизија Телма, нудејќи им ја на гледачите богатата историска приказна за една од најмоќните жени во историјата.
Историската телевизиска серија нѐ запознава со раниот живот на нежната кралица Викторија, нејзиното детство, искачувањето на тронот на само 18-годишна возраст, сѐ до нејзините вљубувања и бракот со принцот Алберт.
Од почетокот до крајот, Викторија е сѐ освен обичен наследник. Таа не е обично дете, не е обичен млад човек, туку бунтовник. Британската наследничка не е просечна девојка, ниту типична жена за времето во кое живее. Викторија е предвесник на промени, прогресивна, бестрашна и предодредена за промени. Оваа кралица ги урива стереотипите, особено тие насочени кон женскиот пол. Сѐ дотогаш во кралска Англија жената се прифаќала како потчинета, послушна и помалку вредна од мажите. Жената како симболна слабост и преголема чувствителност, е токму она што покрај гените на бунтовност и борбеност ја мотивираат тогаш младата наследничка да не отстапи од своите убедувања. Така, Викторија станува претставник на силна, самостојна и самоуверена жена-владетел, недостижен статус дури и за многу модерни владетелки.
Големиот успех на оваа драмска тв серија во голема мера се должи на изведбата на мултиталентираната британска актерка Џена Колман и нејзината способност да го долови портретот на младата кралица Викторија како разбирлива, сочувствителна, љубезна и пристојна личност. Притисокот врз главниот актер да ја долови улогата на еден влијателен историски лик во биографски проекти е особено голем. Товарот кој доаѓа од очеувањата на публиката, но и од специфичните карактеристики на времето и личностите кои треба да се доловат, Колман го носи без никаков проблем. Мотивацијата и заложбите за оваа улога на главната актерка оделе дотаму што по нејзино инсистирање ѝ било дозволено да чита од малкуте сочувани оригинални дневници на кралицата Викторија. Инаку, ваквите архиви се строго доверливи и се чуваат како државна тајна.
Гледачите на Телма телевизија ќе имаат ексклузивна можност да ја следат серијата „Викторија“ од Понеделник, 8 ноември во 20:30 часот секој работен ден.
Комерцијален текст