Почетна » Новости » Занимливости » Испиша историја: Неизмерната радост на маж со церебрална парализа кога ќе заврши маратон

Испиша историја: Неизмерната радост на маж со церебрална парализа кога ќе заврши маратон

Алекс Рока е вистински пример за силна волја. Инспиративниот маж, кој има церебрална парализа, истрча цел маратон и испиша историја.

Тој е првата личност во светот со 76% инвалидитет кој успеал да истрча 42,195 километри.

Моментот кога ќе ја премине целната линија е неверојатен за него и за сите околу него.

Алекс сака да пренесе порака дека сите ние можеме и сме способни да направиме сè што сакаме, потребна е само желба и напорна работа.

Алекс на 6-месечна возраст заболил од вирусен енцефалитис (церебрален херпес), болест која предизвикала тој да развие церебрална парализа.

Поради својата состојба, Алекс има намалена подвижност на левата страна од телото и комуницира преку знаковен јазик. Во својот живот, тој има надминато многу бариери. „Чувствувам страст кон предизвиците. Сакам да пробувам нови работи. Со мојот пример сакам да им покажам на луѓето дека границите ги поставуваме ние како индивидуи“ – вели Алекс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20878 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.