Со зголемувањето на популарноста на друштвената мрежа Facebook, зборот „Like“ (Лајк) стана еден од најупотребуваните и неговото значењето сега го знаат сите корисници на интернет.
Израелски пар, инспириран од популарноста на Facebook, решил да ја крсти својата ќерка „Like“ (Лајк), според популарната опција.
„За мене е важно да им давам на децата имиња кои не се употребуваат, барем не во Израел“ – изјавил таткото на Лајк, Лиор Адлер.
Дека таткото си стои на зборот сведочат и имињата на сестрите на Лајк. Едната се вика Dvash (што на еврејски значи мед), а другата Pie (од англискиот збор за пита), затоа што Лиор и неговата сопруга Вардит обожавале да готват.
Лиор изјавил дека кога на Facebook го објавил доаѓањето на свет на неговата ќерка, таа била многу популарна.
„Кога на Facebook објавив фотографија од неа и нејзиното име, добив 40 лајкови. Имајќи во предвид дека имам нешто повеќе од 100 пријатели, тоа е многу“ – изјавил тој за израелскиот весник Maariv.
Сигурно ова нема да е последното дете кое ќе носи вакво име. На родителите сега можеби им е интересно, но што ќе биде кога малото девојче ќе порасне во жена со име Лајк?