Добродушни инвеститори направија добро дело кое заслужува аплауз.
За да им помогнат на бездомните лица во Денвер, од непрофитната организација „The Colorado Coalition for the Homeless“ купија стар хотел во кој потоа создадоа 139 микро апартмани за оние кои немаат покрив над главата.
Целта на инвеститорите е да се намали бројот на бездомници во Денвер. Организацијата постои и им помага на овие лица од 1985 година.
Непосредно пред пандемијата, претседателот на организацијата, Џон Парвенски, дознал дека хотелот се продава и со помош на државата, општината и приватни фирми, собрал 8,4 милиони долари за да го купи, а потоа го претворил во засолниште за оние кои најмногу имаат потреба од помош. На овој начин, бездомните лица имаат свое топло место за живеење и услови за лична хигиена.
„Проектот навистина се роди од очај. Си ја чешавме главата во обид да најдеме начин како луѓето кои се на улица вечерва колку што е можно побрзо да имаат место кое ќе го наречат свој дом“ – рекол Џон.
Секој апартман во „Fusion Studios“ се состои од тоалет, мала кујна со мини фрижидер, микробранова печка, маса со столици, фиокар, кревет и ТВ.
Станарите плаќаат наем во висина од само 30% од примањата, ако имаат такви.