Секоја љубовна врска е уникатна и содржи „детали“ кои партнерите не ги покажуваат и кажуваат во јавност. Вистинската љубов се случува зад затворени врати, а Аманда Олиандер преку нејзините илустрации се обидува да долови како се однесуваат паровите кога никој не гледа.
„Маѓепсана сум од начинот на кој луѓето се однесуваат зад затворени врати, од интимните моменти кои никогаш не ги гледаме. Тоа се моменти кои не можат да се фотографираат, бидејќи ако се документираат, ќе го променат однесувањето на личностите. Затоа јас ги цртам“ – вели таа.
„Посакувам луѓето да гледаат со самодоверба и почит кон тие едноставни моменти од животот“ – додава Аманда.
Погледнете ги нејзините илустрации: