Илон Маск го симна Џеф Безос од челната позиција на листата со најбогати луѓе.
49-годишниот извршен директор на Tesla и SpaceX стана најбогат човек на планетата откако неговото богатство достигна 194,8 милијади долари. Тоа е за 9,5 милијади долари повеќе од богатството на Безос, кој е основач на Amazon.
Маск најмногу се збогати во изминатите 12 месеци. Неговото богатство порасна за 150 милијарди долари откако акциите на Tesla скокнаа за 743% во 2020 година. Компанијата за производство на електрични автомобили во моментов чини повеќе од Toyota, Volkswagen, Hyundai, GM и Ford заедно. Само во 2020 година, Tesla произведе и продаде половина милион автомобили.
Веројатно најамбициозната цел на Маск е создавање град на Марс, кој ќе гарантира продолжување на животот во случај на уништување на човечката раса на Земјата.