Рамстор Мол со акцијата Гараж сејл предизвика огромен одзив од потрошувачите кои деновиве го преплавија трговскиот центар! Се чека пред рампа на влез, на паркинг, се чека пред продавниците само за да се добие омиленото парче за ниска цена!
Поради таа заинтересираност, продавниците кои нудат до 85% намалување на нивните парчиња облека и производи, денес наново ги полнеа веќе испразнетите полици.
„Очекувавме голем број на посетители, но искрено и нас нè изненади бројот на луѓе на самиот почеток на распродажбата. Продавниците беа буквално „исчистени“ на крајот од работното време, но веќе утрово понудата е обновена за да одговориме на заинтересираните потрошувачи“ – изјави одговорниот Координатор на Гараж сејл, кој најави дека од денес на акцијата ѝ се приклучува и Супермаркетот Рамстор со свои интересни понуди.
Супермаркетот Рамстор секогаш работел во корист на потрошувачите, па така и овој пат најавуваат примамливи понуди за задоволни посетители за времетраење на акцијата Гараж сејл.
Останаа уште 5 дена, искористете ја и Вие оваа Гараж сејл понуда!
Комерцијален текст