Почетна » Новости » Занимливости » „И момчињата се грижат колку девојчињата, но им е кажано да ги чуваат чувствата во себе и да бидат мажи“

„И момчињата се грижат колку девојчињата, но им е кажано да ги чуваат чувствата во себе и да бидат мажи“

Машките деца секогаш се гледани од општеството како посилниот пол, па неретко можеме да слушнеме како им се кажува „Престани да плачеш. Биди маж“ или „Машките не плачат“.

Мајка ги побива овие тврдења и апелира родителите да посветат поголемо внимание на создавање на доверба меѓу нив и нивните синови, бидејќи „и момчињата се грижат како и девојчињата“.

Со својот текст, Холи Дигнен порачува дека довербата создадена во детството се пренесува понатаму во животот на децата кога тие ќе се соочат со поголеми проблеми.

Дете

И момчињата се грижат.

Момчињата се грижат како им стојат алиштата и како изгледаат во огледалото.

Момчињата се грижат за промените во и на нивните тела.

Момчињата се грижат за зборовите кои другите луѓе ги користат за да ги опишат нив и начинот на кој тие изгледаат.

Момчињата се грижат дека нивните пријатели се повисоки, пониски, помали, поголеми, позабавни, попаметни и друго.

Момчињата се грижат дека не се доволно добри за да играат одреден спорт.

Момчињата се грижат дека учењето не им е силна страна.

Момчињата се грижат дека не ѝ се допаѓаат на девојката која ним им се допаѓа.

Момчињата се грижат дали им се допаѓаат на луѓето или не.

Момчињата се грижат за многу повеќе нешта отколку што се претставува во општеството.

Момчињата се грижат исто колку и девојчињата, но им е кажано да ги чуваат чувствата во себе и да „бидат мажи“.

Момчињата ќе продолжат да се грижат, но наша работа е да не дозволиме да го прават тоа сами.

Момчињата ќе се грижат, но нивните мајки секогаш ќе бидат таму за да ги ислушаат и да им помогнат си ги намалат тие грижи.

Ајде да се погрижиме додека нашите момчиња се мали да доаѓаат кај нас за малите нешта, бидејќи еден ден ќе им требаме за големите нешта.

Бидејќи...

И момчињата се грижат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.