Почетна » Новости » Занимливости » „Ѝ ветив дека ќе ја носам“: Принцот Вилијам со белегзија која ќерката Шарлот му ја направила за концерт на Тејлор Свифт

„Ѝ ветив дека ќе ја носам“: Принцот Вилијам со белегзија која ќерката Шарлот му ја направила за концерт на Тејлор Свифт

Каде и да оди, принцот Вилијам на себе носи сладок рачно изработен накит од неговата ќерка Шарлот.

За време на неговиот престој во Јужноафриканска Република, 42-годишниот принц од Велс беше фотографиран со белегзија на која пишува „Papa“ (Тато). Во интервју, на церемонијата за доделување на наградите „Earthshot“, тој откри дека „белегзијата за пријателство“ му ја направила 9-годишната принцеза Шарлот за еден од концертите на Тејлор Свифт.

принцот Вилијам принцот Вилијам принцот Вилијам

„Ова е реликвија од еден концерт на Тејлор Свифт за кој ќерка ми одлучи дека сака да направи белегзија. Таа ми ја подари мене, а јас ѝ ветив дека ќе ја носам и се обидувам да не ја загубам додека сум тука“ – рекол тој.

принцот Вилијам принцот Вилијам принцот Вилијам принцот Вилијам принцот Вилијам

Принцот Вилијам е татко на уште двајца синови кои ги има со принцезата Кетрин. Тој ги одведе двете постари деца Џорџ и Шарлот на концертот на Тејлор во Лондон на 21 јуни, каде позираше со пејачката и нејзиниот партнер.

принцот Вилијам принцот Вилијам принцот Вилијам принцот Вилијам принцот Вилијам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20155 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.