Тоа што е на чекор до 100-ата година не ја спречи Хелен Симон да позира за првата рекламна кампања во својот живот.
99-годишната бабичка, која зрачи со ведрина и позитивност, сними фотосесија за да ги презентира козметичките производи од брендот на својата правнука Лејни.
„Обожавав да сум на сетот. Фотографката беше неверојата и забавна. Дефинитивно беше уживање да ми ја средуваат косата и шминката“ – изјавила Хелен.
Фотографиите инстантно станаа хит и привлекоа само комплименти.

Брендот Saie има за цел да истакне дека треба да се грижиме за кожата и шминката без разлика на возраста, па затоа ангажираат модели од различни возрасти.
