Откако ќе погледнете едно од видеата на Рори ван Улфт, несомнено ќе останете со подзината уста.
Таа може да крене тегови и до 80 килограми, па неретко е нарекувана и „најсилното 7-годишно девојче на светот“.
Рори започнала да крева тегови кратко време по петтиот роденден. Иако честопати е критикуван, нејзиниот татко тврди дека безбедноста на Рори им е приоритет и дека ова хоби не го загрозува нејзиното здравје.
„Сакам да станувам посилна. Тоа ми овозможува да правам повеќе и да бидам пoдобра во сè што ќе пробам. Горда сум кога ќе достигнам тежина која досега не сум можела да ја кренам“ – признава Рори.
За своите натпревари, Рори сака да си става привремени тетоважи. „Носам тетоважи бидејќи ми се допаѓаат. Сметам дека се кул“ – вели таа.