Леони Хана е модна блогерка и стилистка која неуморно ита низ светот, посетувајќи ја секоја атрактивна локација која ќе посака.
29-годишната Германка дала отказ во компанијата во која работела, за да започне да го следи својот сон да работи независно на свој блог. Убавата девојка денес стои зад блогот „Ohh Couture“ и има 1,2 милиони следбеници на Instagram. „Кога правам нешто, сакам тоа да го правам со страст“ – вели Леони.
Како резултат на својата популарност и чувство за мода, Леони има остварено соработки со бројни врвни брендови, меѓу кои Cartier, Bulgari, Tommy Hilfiger и Tory Burch.
За фотографиите, кои слободно може да се наречат рај за очите, се грижи нејзиниот пријател Александар.
Прошетајте со поглед низ визуелните приказни на Хана во кои се испреплетени мода, убавина, авантура и патување.