Леони Хана со магичен изглед одушеви во Кан.
На црвениот тепих на третиот ден од филмскиот фестивал, 33-годишната блогерка шармираше во фустан со бисери од косовскиот дизајнер Валдрин Сахити.
Атрактивната модна ентузијастка во стајлингот додаде нежни ракавици со бисери.
Креацијата е дел од невестинската колекција за 2022 година на Сахити.
На првиот ден од Фестивалот, Леони се појави во волуменозен розов фустан од Nicole + Felicia.